Една од најпознатите русокоси во холивудот го промени изгледот: Актерката се одлучила за драстична промена и сега вака изгледа

Кармин

11/09/2019

20:42

2.440

Големина на фонт

а а а

Препознатливата русокоса, актерката Риз Витерспун, се откажала од својата руса коса поради улогата во новата серија „The Morning Show“.

Фотографијата на која Риз е бринета, ја споделила на Инстаграм, а може да се каже дека нејзините фанови се воодушевени од оваа промена.

Иако ѝ прилега неверојатно, актерката со оваа боја на коса е речиси непрепознатлива. Низ годините на нејзината долга кариера, беше впечатлива русокоса, но со фотографијата која неодамна ја објави, откри дека нејзината природна боја на коса е потемна од онаа со која до неодамна сите ја препознававме.

Актерката не е единствената која се одлучила за ваква драстична промена. Пред неа тоа го направи уште една позната русокоса, пејачката Бритни Спирс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk