Проблеми за Наполи: Си заминува еден од најискусните?

Точка

11/09/2019

20:58

1.699

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хозе Калехон одбил да потпише нов договор со Наполи.

Шпанецот пристигна во клубот во 2013-та година од мадридски Реал за 10 милиони евра и се покажа дека Наполитанците завршија одлична работа со оглед на тоа што Шпанецот за шест години во клубот постигна 79 погодоци и 70 асистенции.

Сепак, Калехон во февруари полни 33 години, а на крајот од оваа сезона му истекува договорот со клубот. Засега, тој немал намера да го продолжи договорот со Наполитанците.

Неговиот агент потврди дека првата понуда не ги задоволила неговите барања и веќе еден месец немало контакт со управата на Наполи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг