Откината ѝ е раката, а лицето оштетено - дублерката на Мила Јововиќ ги тужела сите поради ужасната трагедија на сетот од филмот

Точка

13/09/2019

13:09

8.344

Големина на фонт

а а а

Оливија Џексон, која била дублер на Мила Јововиќ во филмот „Resident Evil“, поднела тужба против Пол Андерсон, Џереми Болт, Танхаустер Гате и Болт во понеделникот поради трагедијата која ја доживеала на снимањето на филмот со што останала без една рака.

Оливија тврди дека инцидентот се случил во септември 2015-та година во текот на снимањето на сцените со борба. Од неа било побарано да изведе “опасна и технички сложена сцена со мотоцикл во неповолни временски услови“.

Требала да тргне кон камерата, но кранот не бил подигнат навреме и таа се судрила во камерата. Таа останала без рака, а кожата на лицето ѝ била целосно растргната што забите ѝ се гледале.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk