Досега необјавени снимки од Анџелина Џоли - прегледани се повеќе од 1,8 милиони пати

Кармин

13/09/2019

15:58

3.908

Големина на фонт

а а а

Наскоро излегува продолжението на популарниот Дизни филм „Maleficent“, во кој Анџелина Џоли ја има главната улога, а по тој повод, на официјалниот Инстаграм профил на Дизни се објавени досега невидени снимки од трансформацијата на Анџелина Џоли во ликот кој го толкува.

„Повторно е во црно“, напишале покрај снимката која за два дена е прегледана повеќе од 1,8 милиони пати.

Снимките и фотографиите од позади сцена ги воодушевиле фановите на Анџелина.

„Ова е сè“, „Толку сум возбудена“, „Ова мора да го гледам“, се само некои од коментарите.

Филмот во кината пристигнува на 18-ти октомври.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk