Мајка збеснала кога сфатила што направил сопругот за да ги разликува близнаците

Кармин

16/09/2019

15:31

3.157

Големина на фонт

а а а

Новопечена мајка збеснала поради својот сопруг, кога дознала дека нивните новородени близнаци ги означил со маркер за да може да ги разликува.

Мажот својата страна на приказната ја објавил на форумот „Reddit“, за да објасни со какви проблемисе соочува од моментот кога се вратил на работа.

„Бев со нив, но после два месеци морав да се вратам на работа. Повеќе не можев да бидам со нив толку колку што сакам“, напишал во воведот.

За работата да биде полоша, неговата сопруга инсистирала близнаците да носат иста облека поради која тој никогаш не можел да сфати кој е кој.


„Кога и да го погрешев името на едно од децата, таа ми се лутеше и со часови ме игнорираше. Секој ден е со нив и знае кој е кој. Јас не го можам тоа“, рекол анонимниот маж кој се сетил како да им стави крај на секојдневните проблеми.

На едното дете со маркер му ставил точка на десната рака, а на другото на левата. Сè било во ред додека сопругата не сфатила што направил.

„Ми се налути дека не ги разликувам. Вели дека имам проблем и дека ми треба помош. Не ми треба. Се налути и си замина од дома“, додал тој и ги прашал другите дали е навистина кретен како што мисли неговата сопруга.

„Таа мора да сфати дека луѓето ќе ги мешаат додека не пораснат. Наместо да ги црташ, можеби постои нешто друго што можеш да го направиш. Но, ако таа не сака да ти помогне, нема право да се лути“, смета еден корисник на форумот.


„Јасно е дека не сака да помогне. Мисли дека треба да ги разликуваш, но не сфаќа дека не си со нив постојано, како што е таа“, порачал друг.

“Жената ги постиснала бебињата. Хормоналните промени со кои се носи може да бидат екстремни. Покрај тоа, поголем дел од денот е сама со нив. Не можеш да ја обвинуваш ако е неразумна во првите месеци. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk