Терористички напад во Киев - со бомба и автомат застанал среде мостот, а планот бил да го дигне во воздух

Точка

18/09/2019

18:50

2.691

Големина на фонт

а а а

Непозната личност се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев каде што се наоѓа станицата за метроа. Тој предизвикал оган, соoпштил началникот на киевската полиција Андреј Кришченко.

На лице место во тек е специјалната операција. Полицијата овој случај го квалификува како подготовка на терористички напад.

„Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници од сите служби. Движење на автомобили и возови на мостот е запрено“ - се наведува во соопштението на началникот.

На местото на инцидентот исто така се наоѓаат и кинолози со службени кучиња, припадници на специјалните сили и експерти за експлозивни направи.

Сообраќајот од станицата “Дњепар“ до станицата “Лесна“ на киевското метро е во прекин.

Сведоците наведуваат дека мажот кој дошол на мостот во автомобил извадил предмет кој што личел на експлозивен уред и автомат.

Напаѓачот исто така се заканувал дека ќе ги разнесе државните институции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг