Не треба да мрднете со прст: Ментален трик кој прави да ослабнете 8 пати побрзо!

Кармин

19/09/2019

16:21

2.429

Големина на фонт

а а а

Недамнешна студија докажала дека научниците се убедени дека еден ментален трик помага да ослабнете и до осум пати побрзо!

Т.н. ментални слики исто така помагаат да симнете и до 5 сантиметри од обемот повеќе во однос на луѓето кои не се служат со нив.

Техниката со ментални слики е користена за да се зајакне мотивацијата за слабеење кај луѓето. Д-р Линда Солбриг, водич на студијата, ги објаснила основните работи на оваа едноставна метода:

„Почнавме со вежба со лимон. Им рековме на луѓето да замислат дека гледаат лимон, дека го допираат, го цедат, го истураат неговиот сок, а потоа дека капка сок случајно им прснува во око, а сето тоа го направивме за да нагласиме колку емоционалните и тесно замислените слики се поврзани со физичките чувства. На тој начин ги охрабруваме и да замислат дека ги прегрнуваат своите цели.


Не треба само да замислувате колку би било добро кога би изгубиле некој килограм, туку и што би ви донело тоа, што сакате да направите со намалување на тежината, а досега не сте можеле. Како би изгледало тоа? Би звучело? Би мирисало? Користете ги сите ваши сетила“, вели д-р Солбриг.

Во студијата учевствувало 141 лице. Учесниците биле поделени во две групи - една ја користела техниката на мотивационо интервју, додека другата користела ментални слики.

После шест месеци, учесниците на студијата кои користеле ментални слики, изгубиле повеќе од 4 килограми, додека луѓето кои се служеле со мотивациони интервјуа, изгубиле само 680 грама.

Студијата е продолжена на уште 6 месеци, па резултатите после вкупно една година биле следниве: менталните слики на групата ѝ обезбедиле симнување на 5,9 килограми, додека другата група до крајот се задржала на 680 грама!

„Многумина се согласуваат дека за губење на килограмите е важно да јадете помалку и да вежбате повеќе, но во многу случаеви луѓето едноставно не се доволно мотивирани редовно да ги следат тие совети, колку и сами да се согласуваат со нив. Тука настапува 'трикот' со менталните слики - тие се клуч за некого да охрабрите и да го мотивирате на подолг период“, објаснила д-р Солриг.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk