Конечно објавени фотографии од венчавката на Џастин Бибер: Натписот на венчаницата на манекенката е полн со љубов

Точка

09/10/2019

13:22

3.130

Големина на фонт

а а а

"Минатиот понеделник беше најпосебниот ден во мојот живот", напишала Хејли.

Хејли Болдвин и Џастин Бибер се венчале на 30-ти септември оваа година, во Јужна Каролина, на имотот на луксузен хотел, а тоа е нивна втора венчавка во рок од една година. 

Една недела по повторното изговарање на судбоносното "да", парот објавил фотографии од венчавката кои, како и нивните пораки, се полни со љубов.

"Минатиот понеделник беше најпосебен ден од мојот живот", напишала Хејли.

На нејзината венчаница работел Вирџил Абло, а на истата пишува "додека смртта не не раздели".

Потсетуваме, на церемонијата присуствувале 154 години, а овој пат венчавката не била тајна, како што било случај пред една година, кога Бибер и убавата Хејли тајно се венчале во њујоршката градска општина.

Меѓу поканетите биле присутни таткото на Џастин, Џереми, таткото на Хејли, актерот Стивен Болдвин, како и вујкото Били, па најплатената манекенка на светот Кендал Џенер, актерот Џејден Смит, Џастин Скај, Феј Кадра, и многу други, кои уживале во коктелите пред да тргнат на вечерата.

Парот се заколнал на вечна љубов во капелата на имотот во луксузниот хотел со пет ѕвезди "Montage Palmetto Bluff" во Јужна Каролина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг