Старлета прошетала во тигрест фустан со стомак “до заби“: Досега криеше од јавноста, а еве како изгледа во 9-от месец од бременоста

Точка

09/10/2019

18:18

3.165

Големина на фонт

а а а

Амбер Роуз, старлетата и некогашна стриптизета, се прошетала низ улиците на Лос Анџелес во 9-от месец од бременоста и го покажала својот труднички стомак.

Таа во април оваа година веста за бременоста ја споделила со фановите на Инстаграм. Тогаш напишала дека чека момче со музичкиот продуцент Александар Едвардс, со кој е во врска повеќе од една година.


Папараците ја фотографирале Амбер во тесен тигрест фустан, спортски патики, капа и препознатливата кратка руса коса.


На Амбер ова ќе ѝ биде второ дете, бидејќи веќе го има синот Себастијан со раперот Виз Калифа, додека на Александар ова ќе му биде прво дете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг