Од BMW одлучиле да им објаснат на сите што се случува кога на вашите автомобили имате погрешни гуми

Точка

14/10/2019

13:57

3.512

Големина на фонт

а а а

Вистинските гуми кои му требаат на вашиот автомобил можат да направат голема разлика во возењето на автомобилот.

Изборот на вистинските гуми може да има драматично влијание на тоа како автомобилот “се однесува“, но наспроти тоа многумина не им даваат големо значење на гумите и често на своите автомобили ставаат погрешни гуми.

Добриот сет гуми може да биде и подобар од погонот на сите тркала и драстично може да го подобри управувањето на автомобилот.

Затоа BMW одлучиле на своите купувачи да им објаснат зошто изборот на правилни гуми е толку многу важен.

Компанијата направила видео кое објаснува како кој сет на гуми влијае на перформансите на автомобилот.

Видеото почнува со три идентични BMW M4 возила од кои секое има различен сет на гуми - зимски, летни и полумазни.

Погледнете колкава е разликата која може да се забележи кај различните видови гуми:




Спонзорирани линкови

Маркетинг