Швеѓаните направија мал градски електричен автомобил: Пристигнува веќе идната година

Точка

14/10/2019

17:55

2.976

Големина на фонт

а а а

Продукциската верзија на електричниот модел Uniti One со три седишта и автономија на возење од 300 километри ќе се најде во продажба во првата половина од идната година.

Шведскиот производител ја претстави конечната верзија на малиот градски автомобил на електричен погон кој ќе биде дотапен во две верзии. Основната верзија ќе биде опремена со батерии со капацитет од 12 kWh, што ќе биде доволно за автономија од 150 километри, додека пак моделот со поголеми батерии од 24 kWh има автономија до 300 километри.

Од компанијата која го разви овој автомобил велат дека иако батериите се со релативно мал капацитет, сепак Uniti One има одлична автономија благодарение на малата тежина од само 600 килограми.


Овој автомобил е проектиран да може да се полни на брзи полначи од 50 kW, а после 10 минути на таков полнач овозможена е автономија од 100 километри. Швеѓаните тврдат дека на брз полнач, поголемата батерија од 24 kWh од 20% до 80% ќе може да се наполни за само 17 минути.

Што се однесува до перформансите, Uniti One не може да се пофали со добри перформанси како останатите електрични автомобили. Од 0 до 100 километри на час забрзува за 9,9 секунди, а максималната брзина изнесува 120 километри на час.


Uniti One ќе се појави во продажба кон средината на 2020-та година и тоа најпрвин во Шведска и Велика Британија, каде што со државни субвенции ќе чини околу 15,100 фунти, односно околу 17,200 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг