На денешен ден пред 22 години новинар со обичен тест го посрамоти Мерцедес...

Точка

21/10/2019

16:45

5.853

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред 22 години изби еден од најголемите скандали во историјата на познатиот производител од Штутгарт.

На саемот за автомобили во Женева на почетокот на март 1998-ма година спектакуларно беше претставена новата „А Класа“ на Мерцедес - чудо од автобил со мали димензии, но одлична комоција и функционалност.

Тоа беше првиот Мерцедес со преден погон и се изгледаше како бајка, се додека на денешен ден пред 22 години шведскиот новинар Роберт Колин за малку ќе го превртеше автомобилот на обично тестирање.

Набрзо потоа настана скандал, инженерите на Мерцедес беа посрамени, по што германскиот гигант беше приморан експесно да го „среди“ автомобилот кој за малку ќе се првртеше. Беше променето подвозјето, осовините и амортизерите, а сериската опрема доби и ESP систем.

Мерцедес го реши проблемот со динамичката стабилност и безбедност на сметка на удобноста во возењето, но сепак дамката остана се до лансирањето на следната генерација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг