Италија повторно ќе го отвори прашањето за Македонија: Заев во вторник патува во Рим!

Точка

22/10/2019

12:01

4.204

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го покани својот македонски колега Зоран Заев на средба во Рим пред самитот на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ.

По лична покана на италијанскиот премиер, Зоран Заев на 29-ти октомври ќе отпатува во Рим каде што ќе оствари средба со Конте. Како што соопшти Заев, Италија планира да направи посебна иницијатива на ГАК во ноември и повторно да се отвори прашањето околу датумот за преговори на Македонија со Европската унија.

„Конте е многу гласен и јавно зборува за тоа. Јас во вторник сум на средба кај него. Ме покани затоа што во ноември треба да се одржи ГАК каде што ќе се врати темата за проширувањето. Веќе работат и други премиери, моите социјалисти и социјалдемократите во врска со ова прашање. Тоа е нешто што треба да се реши внатре“, изјави Заев.


Инаку, откако на неодамнешниот самит на европските лидери во Брисел не беше донесена одлука за доделување на датум за преговори, италијанскиот премиер Џузепе Конте јасно го изрази своето незадоволство и одлуката Македонија да остане без датум за преговори ја оцени како „историска грешка“.

Заев додаде дека во меѓувреме Македонија ќе продолжи со спроведувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг