Исповед која ја шокирала Британија: "Фудбалерот од Премиер лигата од нас три бараше да го користиме како ВЦ шолја"

Точка

22/10/2019

12:04

7.767

Големина на фонт

а а а

Познато е дека спортистите кои играат на високо ниво заработуваат многу пари, а исто така, се знае дека често тие пари ги трошат на скапи работи. Во врска со тоа, ни доаѓа една интересна приказна од Англија.

Како што пренесува "Daily Star", англиски дневен весник, фудбалерите од Премиер лигата имаат обичај да изнајмат девојки за дружење. Ескорт агенцијата "Пеперутка" организира забави ширум светот, а на нив фудбалерите се дружат со девојки од споменатата агенција. 

Наводно, агенцијата за клиенти зема само фудбалери кои можат да докажат дека во кариерата заработиле најмалку 10 милиони фунти. Оние кои ќе ги исполнат условите, плаќаат годишно членство од 30.000 фунти, за да бидат дел од забавата.

Ескорт девојката Анастасија од Литванија, открила интересен детаљ од една забава во Мајами.

"Еден фудбалер ме ангажираше мене и уште две девојки за една недела на јахта во Мајами. Бараше од нас три да го користиме како ВЦ шолја. Не сака секоја девојка да прифати нешто такво, но тоа финансиски се исплати, а не моравме да спиеме со него".

Иако не го навела името на фудбалерот, според парите кои ги издвоил, јасно е дека станува збор за некој од самиот врв. Девојката потоа открила дека работата со која се занимава и обезбедува повеќе од пристоен живот.

"Агенцијата ми организираше дружење со две лица кои месечно ми даваат 20.000 евра и тоа е совршено за мојот живот", порачала Анастасија.

Нејзината колешка, Ксенија, месечно заработува 30.000 фунти, а клиентите за еден час друштво плаќаат две илјади фунти. Како и првата девојка, открила дека имала работа со чудни барања.

"Имав познат фудбалер кој ги сакаше моите стапала и сакаше финансиски да го искористувам. Ми дозволи да бидам во неговиот приватен авион, плаќаше шопинг, ми ги масираше нозете. Можеби се чувствувал добро што жените го обожуваат, а јас глумев арогантна дива. Некогаш ми е жал, речиси како да живее во златен кафез", рекла Ксенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг