Протече фотографија од првата електрична Мазда

Точка

22/10/2019

15:48

2.340

Големина на фонт

а а а

Во исчекување на премиерата закажана за 23-ти октомври, на интернет се појави првата фотографија на електричниот концепт "MX-30".

Фотографијата на електричната Мазда која ќе дебитира на претстојниот Саем на автомобили во Токио е направена од насловната страна на еден јапонски автомобилски магазин, а покрај изгледот, откриен е и називот "MX-30 Concept".

Дизајнот на автомобилот е мешавина на купе и кросовер, а од Мазда одлучиле да го „зачинат“ со еден детал кој е карактеристичен за популарниот спортски модел "RX-8".

Станува збор за скратената задна врата која се отвора спротивно од предната. Како и кај "RX-8", и кај "MX-30 Concept" задните врати немаат рачка, туку можат да се отворат само кога ќе се отворат предните врати.


Јапонскиот производител и со овој модел продолжува со „Кодо“ дизајнот, стилскиот концепт кој ја препороди Мазда од 2011-та година кога се појави со "CX-5" моделот.

Мазда најави дека после концептот на купувачите ќе им понуди продукциска верзија која ќе пристигне со електричен мотор од 143 коњски сили (105 kW) и 265 Nm. Електромоторот ќе се напојува со струја од литиум-јонска батерија со капацитет од 35,5 kWh.



Спонзорирани линкови

Маркетинг