Инстаграм ќе ги означува лажните вести

Точка

22/10/2019

16:22

653

Големина на фонт

а а а

Инстаграм добива нова опција чија што цел е спречување на ширењето на лажните информации на социјалната мрежа.

Ознаката "False Information" ќе се појавува на објавите кои се разоткриени и означени како лажни, а за тој процес ќе бидат задолжени технологиите на Фејсбук за проверка на факти.

Новата опција полека ќе се шири на социјалната мрежа во текот на следниот месец, а ќе се појави и на "Stories", како и на сите останати постови кои се прикажуваат на "News Feed" на Инстаграм. Корисниците на социјалната мрежа и натаму ќе можат да ја видат објавата, но ќе мора да ја изберат опцијата "See Post".

Инстаграм исто така ќе ги предупредува корисниците кои се обидуваат да ја споделат објавата дека станува збор за лажна вест.


Инаку, пред да го објавите тоа, ќе добиете предупредување дека проверувачите на факти заклучиле дека таа објава содржи лажни информации, а ќе им биде и понуден линк за повеќе информации. Но, корисниците сепак ќе можат да објават, а објавата ќе ја добие ознакат дека станува збор за лажна информација.

Оваа опција е досега најагресивниот начин во борбата против ширењето на виралните дезинформации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг