“Што и да е, мора да е огромно”: Уловиле ајкула со страшен загриз на главата, научниците се прашуваат како настанал

Точка

22/10/2019

17:35

4.894

Големина на фонт

а а а

Американските научници објавиле фотографија од голема бела ајкула, долга 4 метри и тешка повеќе од половина тон, која на главата имала големи траги од загриз.

Научниците сметаат дека станува збор за повреди кои ајкулата ги добила во текот на борба за женка, а кои му ги нанелa значително поголема “роднина”, односно голема бела ајкула, пишува “Newsweek”. 

Ајкулата која го извлекла подебелиот крај во борбата, била уловена од страна на припадници на организацијата “OCEARCH” во северен Атлантик, а истата ја нарекле Вими.

Оваа организација инаку се занимава со проучување на предатори кои се наоѓаат на самиот врв на прехранбениот ланец, како големите бели ајкули, но истражуваат и бележат податоци и за другите морски животни.

“Големите бели ајкули живеат во суров свет. Ви треба доказ? Погледнете ја главата на нашиот Вими”, напишале од “OCEARCH” на нивната Фејсбук страница со приложена фотографија од повреденото животно.

Според нивните проценки, “напаѓачот” на Вими била друга бела ајкула, долга нешто помалку од 5 метри, што е сè уште значително помалку од најголемите примероци на овој вид кои некогаш биле забележани.

“Од загризот на Вими, очигледно е дека нешто ја зграбило целата негова глава. Тоа било огромно животно, подолго од 4 метри. Што и да е, многу е импресивно”, изјавил Крис Фишер од организацијата.

Фишер додал дека повредата на Вими можеби не ја нанел друг мажјак туку многу голема женка со која се обидел да се пари, но таа идеја не поминала како што тој очекувал.

Инаку, најголемата бела ајкула фатена на камера е веќе славната женка Дип Блу која оваа година беше снимена покрај брегот на Хаваи. Дип Блу е долга речиси 6 и пол метри, стара е околу 50 години, а иако не се знае колку е тешка, се претпоставува дека има повеќе од 1200 килограми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг