Неверојатна визија за заработка: На Закерберг овој потег го вивнал на самиот врв на светскиот бизнис

Супермен

11/11/2019

16:16

1.301

Големина на фонт

а а а

Што и да мислите за Марк Закерберг, не може да не признаете дека има генијалност и визионерство кога станува збор за социјалните мрежи и дигиталната технологија.

Иако покрај тоа не треба да ги заборавите многубројните проблеми и критики поради начинот на работа на Фејсбук, приватноста на корисниците, сепак тој успеал да изгради царство кое е “тешко“ речиси 550 милијарди долари колку што денес вреди неговата компанија, додека пак тој со речиси 70 милијарди долари е еден од најбогатите луѓе на светот.

Еден од неговите најдобри потези кој го направил е основањето на Фејсбук со што покажал дека има визионерство, а потоа го купил и Инстаграм.


Инстаграм во 2010-та година го покренале Кевин Систорм и Мајк Кригер и тоа на почетокот била социјална мрежа и сервис за објавување фотографии кои тогаш особено била популарна меѓу хипстерите со телефоните на Apple (на почетокот Инстаграм бил достапен само на iPhone, не и на Андроид).

Шефот на Фејсбук го препознал неверојатниот потенцијал на таа социјална мрежа и ја купил за една милијарда долари.

Некои од аналитичарите тогаш изјавиле дека Закерберг само беспотребно вложува пари, а дел од нив знаеле дека Фејсбук ќе успее да ја монетизира таа социјална мрежа.

Со текот на времето Инстаграм пристигна и на Андроид, а бројот на неговите корисници постојано растел и ја преминал милијардата, потоа се појавија инфлуенсерите и рекламите и на Инстаграм почнале да се вртат многу пари.


Освен Инстаграм, Закерберг се обидел да купи уште една популарна социјална мрежа, но шефот на Снепчет, Ева Шпигел одбила дури и три милијарди долари. Шефот на Фејсбук потоа утеха нашол во WhatsApp кој го платил неверојатни 19 милијарди долари.

Додека бизнисот со Инстаграм цветал, на неговите основачи Систром и Кригер не им се допаднал правецот во кој Закерберг ја насочува таа социјална мрежа па двајцата ја напуштиле компанијата која ја основале.

На неодамнешната конференција “DealBook“ која се одржувала во Њујорк, гостувал и Кевин Систром кој меѓу другото зборувал и за аквизицијата на Фејсбук.

На прашањето дали денес би ја направил истата работа и повторно би ја продал компанијата на Фејсбук тој одговорил: „Кога некој ќе ви понуди милијарда долари за компанија со 11 луѓе, што би направиле вие?“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk