Албанска пејачка снимила експлицитни сцени во православна црква - текстот на песната е уште поголем шок

Точка

18/11/2019

21:54

11.699

Големина на фонт

а а а

Албанската пејачка не ни барала дозвола од српската православна црква и поради овој спот наишла на големи осудувања од јавноста.

Сите балкански медиуми пишуваат за спотот на пејачката Албана Азизи кој е снимен во црквата Свети Никола во Ново Брдо во близина на Приштина.

Оскудно облечена, потпрена на православниот храм, Албана изговара “провокативен“ текст.


„О, мој боже толку е добро што не сакам да си заминам. Дури и мајка ми знае дека си лош за мене. Одам со другарките да пијам, облеков фустан, срцето ќе ти излезе од градите“ - зборовите од песната “Sa mire ta bona“ која ја пее младата пејачка.

Албана Азизи по петекло е од Албанија, но има швајцарско државјанство. Родена е во Берн, студира стоматологија и музика на конзерваториум, а сега одлучила да се пробие и во музичкиот свет.


Проверениот рецепт за привлекување внимание на снимање на провокативен спот во црква не го измислила Албана. Нејзината колешка Ера Истрефи уште во 2014-та година снимила контроверзен спот во храмот на Христос во Приштина и ја шокирала јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг