Популарното модно списание "Lyst" објавило листа од најголеми модни инфлуенсери во 2019-та година, а на прво место се нашла славната Војвотка од Сасекс.
"Меган Маркл е најголема трендсетерка на годината и нејзините модни комбинации, во просек, поттикнале пораст на пребарувањата на слични парчиња од околу 216 проценти", пишува во извештајот на "Lyst".
Тие ги истакнале нејзините највлијателни овогодишни модни комбинации.
И додека Меган е прогласена за највлијателна, Кејт Мидлтон не влегла ни меѓу топ 10-те модни инфлуенсери, а во продолжение погледнете кој ја сочинува листата.
1. Меган Маркл
2. Тимота Шаламе
3. Зендаја
4. Били Ајлиш
5. Карди Би
6. Лиса (членка на К-поп бендот Блекпинк)
7. Кајли Џенер
8. Лизо
9. Хери Стајлс
10. Били Портер.