Зрел звук и сексапилен настап со змија: Бритни Спирс со овој настап го сруши светскиот рекорд

Точка

18/11/2019

21:00

3.216

Големина на фонт

а а а

Сите синглови биле големи глобални хитови, а албумот бил продаден во над 9 милиони копии ширум светот.

На денешен ден во 2001-та година на првото место на листата од Билборд “200“ се нашла Бритни Спирс, односно нејзиниот трет студиски албум “Britney“ продаден во 745.750 копии во текот на првата седмица.

Овој успех Бритни ја направил првата пејачка во историјата на која првите три дебитантски албуми биле на првото место, а тој рекорд повторно го срушила со својот следен албум “In The Zone“ од 2003-та година.

Овој албум ја издвоил Бритни во музичкиот стил кој го градела со претходните хитови “Baby One More Time“ (1999 г.) и “Oops!...I Did It Again“ (2000 г.) затоа што тоа бил посериозен звук. Нејзината музика во тој период била комбинација од поп, R&B, хип хоп, рок и електронска музика. Бритни заедно со продуцентот Макс Мартин и Рами Јакуб напишала текстови за шест нејзини песни.

Со песната “I'm a Slave 4 U“ Бритни играла со питон на MTV доделувањето на наградите во 2001-та година.

Мислењето на критичарите било поделено. Едни ѝ давале комплименти од музички аспект додека пак други го коментирале нејзиниот стајлинг.

На 45-то доделување на Греми наградите, “Britney“ бил номиниран за најдобар поп албум, а Спирс тргнала на својата 4-та турнеја со наслов “Dream Within a Dream“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг