Една од најубавите актерки на светот гордо го покажува своето лице без шминка и во 61-та година од животот

Точка

30/11/2019

15:04

9.112

Големина на фонт

а а а

Кон почетокот на оваа година, актерката Мишел Фајфер се приклучи на Инстаграм каде постојано објавува фотографии од себе, а неодамна ги израдува своите фанови со фотографија на која позира без грам шминка.

Токму како што тоа го направија многу познати дами досега, така и Мишел решила да покаже како изгледа во природно издание. 61-годишната актерка докажала дека грациозно старее, а за оваа фотографија добила над 130 илјади лајкови. Фановите коментирале дека се воодушевени од нејзиниот природен изглед. 

Мишел не крие дека се придржува до веганскиот начин на исхрана кој е заслужен за нејзиниот свеж изглед, но и дека правела минимални корекции на лицето. Таа е една од ретките дами од Холивуд која природно и грациозно старее. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг