Сценаристот на “Пријатели“ открива зошто Фиби и Џои никогаш не завршиле заедно

Точка

11/12/2019

16:00

3.487

Големина на фонт

а а а

Многумина од фановите на “Пријатели“ биле среќни што нивната хероина завршила во брак со Мајк, но некои од нив денес упорно тврдат дека нејзиниот избраник би требал да биде Дејвид.

Некои пак никогаш не ја преболеле идејата дека би требало да се заљуби во Џои.

Еден од сценаристите на “Пријатели“, Дејвид Крејн тврди дека ниту нив не им било лесно да ги изберат.


„Имавме опција за Фиби да заврши со Дејвид. Двајцата би биле фантастични партнери и со неа одлично се согласуваа. Многу се предомислувавме. Не се сеќаваме добро како дојде до идејата за Мајк, но можеше сето тоа да биде поразлично. Фиби би била одлична со било кој од нив“ - раскажал тој за “Radio Time“.

Да ве потсетиме дека Фиби беше многу заљубена во Дејвид, но нивната врска “пукна“ кога тој се пресели во Русија. Неколку години подоцна, одлучен повторно да ја освои па ја запросил, но на крајот Фиби го избрала Мајк.


Сценаристот претходно открил дека опцијата за која многумина од фановите навивале, Фиби да биде со Џои, од старт била отфрлена затоа што во тој случај сè би било “очигледно“.

„Сè би било премногу очигледно. Имавме цел ликовите да ги задржиме заедно и би било навистина лесно едноставно да ги споевме Фиби и Џои, но чувствувавме дека тоа би била грешка“ - објаснил тој за “Metro“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг