Фотографиите од венчавката на Блејк и Рајан се забранети на Pinterest, еве зошто

Точка

11/12/2019

17:54

3.530

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од венчавката на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс од неодамна уживаат значајно помалку внимание на интернет, бидејќи се забранети на Pinterest и уште на неколку страници.

Како што пренесува „Harper's Bazaar“, причината за тоа е локацијата на нивната венчавка, поточно една плантажа во Чарлестон.

Иако плантажите се многу популарна локација за венчавка, нивното минато е проблем бидејќи тие биле на местото на една од најсериозните злоупотреби на човековите права досега.


„Трендот на венчавка на плантажи не ја оспорува ниедна црна жена или маж, како ниту било која праведна личност која ја користи страницата, бидејќи на овие плантажи некогаш живееле робови“, пишува во официјалното соопштение на Pinterest.


Од дирекцијата на Pinterest изјавиле и дека ќе ги отстранат фотографиите од сите венчавки кои се одржани на плантажи, бидејќи венчавките треба да симболизираат љубов и заедница, а минатото на плантажите дефинитивно не го претставува тоа.

Инаку, Блејк и Рајан се венчале во 2012-та година, а фотографиите од нивната венчавка во последните 7 години беа извор на инспирација за многу парови. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг