Јелена Јованова (Јелена од Драчево) :“Ја сум Ј од Д и стварно не знам што К правам овдека со сите Вас”!

Точка

25/12/2019

11:51

14.037

Големина на фонт

а а а

На самиот почеток на новата сезона на „Преспав“ разговараме со една од најомилените - Јелена од Драчево или актерката Јелена Јованова. Што можете да очекувате од овој лик во наредните епизоди, ќе се промени ли, која ѝ е омилена реплика и на други прашања за Точка одговара токму таа.

Едно е сигурно, подгответе се за многу смеа и добра забава покрај ТВ екраните со актерите на „Преспав“. 

Ќе има ли промени кај ликот на Јелена во новата сезона?

- Јелена од Драчево стои позади сè што ќе направи и тешко дека некогаш би променила нешто кај себе. Карактерот останува ист, а и стилот кој непоколебливо го носи. Оваа година како новитет ги вметнавме наочарите, боите се повторно шарени и споиви само кај неа .


Ќе ја смени професијата можеби?

- Минатата година Јелена беше менаџер, а оваа верно и се враќа на својата рецепција и на чело на синдикатот!

Омилена реплика? 

- “Ја сум Ј од Д и стварно не знам што К правам овдека со сите Вас!”

Со кој си најблиска позади камера од актерите во „Преспав“?

- После секоја завршена снимачка недела, се собираме екипно сите. Кафана е најчестиот избор се разбира. Навистина функционираме добро секој со секого на и надвор од сет, а таквиот однос придонесува многу за квалитетот и на самата серија.


Ќе имаш ли твој настап на Новогодишниот „Преспав“?

- Се разбира. Јелена од Драчево ќе има неколку свои моменти во кои се надевам публиката ќе ужива.

По што ќе ја паметиш 2019-та и очекувања од 2020-та?

- Имав приватно и професионално среќна и исполнета година и благодарна сум на тоа. Успешно завршивме со една и почнавме со друга сезона на “Преспав”. Бев дел и од “Фамилијата Марковски” што неизмерно ме радува. Го снимав “Хомо” на Игор Иванов Изи чија премиера со нетрпение ја очекувам. Имав премиера на “Врба”, започнав еден голем проект за кој немам зелено светло да зборувам сеуште, се редат нови проекти веќе за 2020 и освен здравје, среќа и љубов да ме пратат во годината што доаѓа други желби немам. Верувам најдоброто допрва доаѓа!

Каде ќе бидеш приватно за дочекот на Нова Година?

- Во Загреб.

*фото: Љупчо Димитриевски

Што би им порачала на нашите политичари како Јелена од Драчево?

- Како позната синдикалка и како претседател на синдикатот на ‘Преспав’ би им рекла: “Не се зезајте со синдикатот, посебно не со оној за култура”!


Дали Јелена ќе се омажи оваа сезона?

 - Тоа ќе мора сами да го откриете. Ќе биде весело во секој случај!

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг