Драматични климатски промени на Хималаите: На врвот на Монт Еверест се појави вегетација

Точка

13/01/2020

16:37

2.939

Големина на фонт

а а а

Сателитите забележале дека почнале да растат грмушки и растенија кои вообичаено растат помеѓу субнивалниот и нивалниот (снежен) вегетациски појас.

Проучувајќи ги фотографиите кои ги снимиле од НАСА, односно сателитот Ландсат, помеѓу 1993-та и 2018-та година, научниците откриле мал, но значаен пораст на вегетацијата на четири подрачја околу Монт Еверест на висина помеѓу 4.150 до 6.000 метри надморска висина.

Станува збор за подрачјата на кои, покрај глобалното затоплување, мразот забрзано се топи.

Снежната линија на ледникот е на надморска висина на која асимилацијата и аблацијата се изедначени.

„За топењето на мразот во подрачјето на Хималаите објавени се многубројни истражувања, меѓу кои и оние кои покажале дека стапката на губењето на мразот во периодот помеѓу 2000-та и 2016-та година се двојно зголемени. Важно е да се следи и да се сфати на кој начин се одвива топењето на мразот во главните планински системи. Но, екосистемот во субнивалниот вегетациски појас покрива многу повеќе делови од подрачјата на постојаниот снег и мраз. За тие екосистеми знаеме многу малку, особено за тоа на кој начин се снабдуваат со вода“ - изјавила д-р Карен Андерсон од Институтот за животна околина и одржување од Универзитетот во Ексетер.

Таа вели дека порастот на предснежната вегетација би можел да има значајна улога во снабдување на регионот со вода кој е познат по 10-те најголеми азиски реки, а тие снабдуваат околу 1.4 милијарди луѓе со вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг