Бред Пит да е малку поубав не би чинел, а последната фотографија од него “грми“

Супермен

13/01/2020

19:12

3.869

Големина на фонт

а а а

Синоќа победи на 25-то доделување на наградите „Critics Choice“ во Лос Анџелес во категоријата за најдобар спореден актер.

Бред Пит доби уште едно признание преку улогата на деветиот филм на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ по добиениот Златен Глобус.

Но, актерот ја пропушти оваа важна вечер, а наградата во негово име ја прими режисерот и сценарист на филмот - Тарантино.


Лупита Њонго со восхит ја предала наградата на популарниот филмски креатор кој дома си заминал со наградата за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио.

Повеќе од добро расположениот Тарантино на чија маса седела младата ѕвезда на филмот Џулија Батерс со гордост ја примил наградата.


А, Пит неодамна забележал нов моден успех затоа што бил избран за заштитно лице на италијанскиот моден бренд за облека „Brioni“.

Доколку претставниците на модната куќа не прашаат нешто тогаш ќе им кажеме: „Само напред со Пит!“.

Актерот во кампањата е елегантен, шармантен, неодоллив.


Пит е прекрасен, а уште помагични се Роберт де Ниро и Ал Пачино кои синоќа на доделувањето на наградите во Лос Анџелес пристигнале во тандем.


Де Ниро примил Филмска награда од критичарите за најдобар актерски ансамбл за филмот „The Irishman“ кој синоќа од 13 номинации победи само во една категорија и на сметка на тоа актерот се нашол на сцена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk