Мајка пронашла начин како да го забавува своето дете со часови, родителите се воодушевени од идејата

Кармин

16/01/2020

09:45

3.469

Големина на фонт

а а а

Една мајка на четири деца инспирирала стотина други родители да не ги фрлаат празните пакувања од влажни марамчиња, туку од нив да направат играчка која ќе ги забавува децата.

Австралијанката во една група за родители на Фејсбук споделила мудар трик на кој се досетила. 


“Ова го правев со своите деца и секогаш беа окупирани”, напишала мајката покрај фотографијата од празно пакување влажни марамчиња кои родителите ги користат за чистење на своите деца.

“Мојата најмлада ќерка беше прилично немирна и не можеше да седи подолго од една минута, а и менувањето на пелени беше предизвикувачко”, додала таа.


За таа цел, мајката започнала да собира фигури кои биле доволно мали за да се протнат низ отворот на пакувањето, но сепак доволно големи за детето да не може да ги проголта. Таа ги ставала играчките во празното пакување, го затворала поклопецот, а тоа за децата било вистински предизвик да откријат како да ги извадат.


“Тоа толку ги забавуваше што можев на мир да ги извршам сите домашни обврски или да зготвам ручек. Вистински спас”, им порачала мајката на останатите родители кои останале изненадени од идејата и признале дека со нетрпение чекаат да го испробаат овој трик и да ги забавуваат своите деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk