Таа е најзгодната “пензионерка“ на планетата: Кога ќе се соблече во бикини го одзема сечие внимание

Точка

16/01/2020

14:55

5.214

Големина на фонт

а а а

Алесандра Амбросио (38) е една од најубавите манекенки на светот, пред две години ги напушти “ангелите на Викторија Сикрет“ и со тоа автоматски се пензионираше.

Сепак, според нејзиниот изглед никој не би ја нарекол пензионерка ниту пак би претпоставил дека токму неа може да ѝ се даде тој епитет.

Амбросио изгледа уште помладо од претходно додека беше манекенка на нејзини 20-на години, а за тоа сведочат нејзините фотографии кои можат да се видат на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а кои се напарвени на егзотични дестинации.

Не се сомневаме дека и понатаму целата плажа се врти кон неа и дека целото внимание е насочено кон неа, со оглед на тоа што нејзиното тело и во четвртата деценија е извајано и сексапилно.

Популарната Бразилка моментално одмара во нејзината земја со момчето кој е италијански дизајнер - Никола Одие. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг