Македонскиот топ модел Елена Реи на модна ревија на познат германски дизајнер

Fashionel.mk

16/01/2020

15:08

2.928

Големина на фонт

а а а

Една од нашите најпопуларни и најактуелни топ модели, Елена Реи беше дел од модната ревија на еден од најпознатите германски дизајнери Marc Cain што се одржа во вторникот, непосредно пред отворањето на Берлинската модна недела.

Реи на писта дефилираше во елегантна црна, слоевита комбинација споена со чизми над колена и ретро фризура. 


Инаку Cain важи за еден од најдобрите германски дизајнери, а неговите ревии се познати по гламурот и неговата публика која ја сочинуваат влијателни луѓе од модниот бизнис. 

„Инаку нашиот топ модел Елена Реи при крајот на декември се врати од Кина, додека претходно работеше на кампањите за El Corte Ingles во Мадрид Барселона. Во моментов се подготвува за новата модна сезона која стартува веќе од февруари, потврди Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН.




Спонзорирани линкови

Маркетинг