Солскјер со провокација пред дербито со Ливерпул: Работиме напорно за да не ни се случи нивната судбина...

Дерби

17/01/2020

13:47

803

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конфренција во пресрет на натпреварот со Ливерпул упати и мала провокација до својот следен противник.

„Црвените“ се огромни фаворити за освојување на титулата во Премиер лигата која ќе биде нивна прва во историјата откако постои натпреварувањето во ваков формат.

Ливерпул чека на титула во англискиот шампионат веќе 30 години, а Солскјер посочи дека тоа треба да им претставува лекција и најави дека е сигурен дека нема да чекаат толку долго за да стигнат до врвот во Англија.

– Токму затоа работиме, да бидеме сигурни дека тоа нема да ни се случи и нас и да оставиме нивната судбина да биде лекција за нас. Тие беа блиску неколку пати, а ние не можеме да си дозволиме уште 24 години без освоена титула. Сигурен сум дека нема да е така, ќе ни треба време но ќе се вратиме на врвот, - изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг