Црнокоса и русокоса за 60 евра: Се отвара јавна куќа во Словенија каква што не е видена на овие простори

Точка

17/01/2020

16:35

22.997

Големина на фонт

а а а

Во малиот словенечки град Сежана, две жени се одлучиле да отворат необична и на овие простори сè уште невидена јавна куќа.

Имено, во градот на словенечко-италијанската граница отвораат бордел со кукли за возрасни. Јавната куќа наречена “Doll House” на клиентите на почетокот ќе им изнајмува две пластични “девојки”, а наскоро ќе им се придружи и “момче” за понежниот пол, но и за геј популацијата. 


“Тие се посебни, врвни силиконски кукли. Топли се, имаат температура како човековото тело. Едната е црнокоса со виткана коса, а другата е русокоса. Клиентите со нив ќе можат да прават сè што можат со една жена, но од хигиенски причини ќе мора да користат кондом и внимателно да ракуваат со оваа модерна љубовна опрема за да не се повредат”, вели Сандра Негро и објаснува:

“По секоја употреба куклите се дезинфицираат и чистат со посебни средства за чистење кои се наменети за таа цел и се дел од пропишаната опрема за одржување”.


Куклите ќе можат да се изнајмат на поливина час за 60 евра, додека нивното друштво за еден час изнесува 80 евра, а за два – 120 евра. На клиентите им стојат на располагање и посебни ТВ програми и играчки за возрасни, а на крајот имаат можност и да се истушираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг