Џихадистите се обидоа да ги нападнат Русите: Објавена снимката од нападот на базата Хмејмим, но и одговорот на рускиот ПВО

Точка

20/01/2020

16:16

4.628

Големина на фонт

а а а

Милитантите во Сирија се обиделе со дронови да ја нападнат руската авиобаза Хмејмим, соопштиле од Министерството за одбрана од Русија, меѓутоа рускиот ПВО реагирал навреме и ги уништил воздушните мери.

„Russia today“ пренесува дека рускиот противвоздушен ракетен систем успеал да го одбие нападот. По нападот се огласило и руското министерство за одбрана кое ја објавило следната изјава:

„Три воздушни мети со мала величина се приближија на рускиот воен објект на североистокот, вчера навечер 19-ти јануари 2020-та година. Ги открија руските противвоздушни ракетни системи во воздухопловната база Хмејмим. Воздушните цели се уништени на сигурна оддалеченост од базата. Нема жртви или пак материјални штети. Руската база продолжува да работи како и вообичаено“.

Според истражувањата, руската војска во текот на 2019-та година уништила најмалку 58 беспилотни летала и 27 ракети додека се борела со одбивање на нападите на воздушната база.

Погледнете го видеото:




Спонзорирани линкови

Маркетинг