Овој вирус има слични симптоми како кај воспаление на белите дробови, зголемена температура и кашлица, болки во градите, но за него се знае многу малку.
Во Кина до денес е потврдено дека 258 луѓе се заразени од новиот облик на коронарвирусот, а шест лица загинале. Една снимка кој настанала во авион го зголемила стравот од избивање на глобална епидемија.
На таа снимка се гледа како лекарите, во заштитни одела и со маски на лицата, ги прегледуваат патниците за евентуално да ги забележат симптомите на мистериозниот, фатален вирус, кој шири во Кина.
Кинеските службеници ги зголемиле напорите за да го спречат ширењето на овој вирус, познат и под името Вухан, според градот од кој потекнува.
На снимката се гледаат двајца медицински работници кои "ги скенираат патниците".
passengers screened for coronavirus symptoms on a domestic flight out of Wuhan pic.twitter.com/ytUbVzpYRZ
— David Paulk (@davidpaulk) January 20, 2020
Прв оваа снимка ја објавил новинарот Дејвид Полк од Шангај. Авионот летал од Вухан, а снимката кружи на социјалните мрежи.
Сепак, Business Insider пишува дека не успеал да ја провери валидноста на снимката.
Слична снимка објавиле и некои кинески медиуми на 12-ти јануари, а на него се гледаат три медицински работници кои им мерат телесна температура на патниците на летот на "Air China CA119" од Вухан во Макао. Авионот не полетал додека на сите не им била измерена температурата.