Сè што треба да знаете за вирусот кој го загрижи светот: Се пренесува од човек на човек, а еве кој спаѓа во ризична група

Точка

21/01/2020

19:04

6.368

Големина на фонт

а а а

Она што досега е познато е дека вирусот “2019-nCoV” содржи нов вид на коронавирус кој претходно бил откриен кај луѓето.

Коронавирусите се широко семејство на вируси, но само шест (заедно со новиот – седум) можат да ги инфицираат луѓето. Научниците веруваат дека животните се најверојатно примарниот извор, но не се невозможни ниту случаите во текот на кои дошло до пренесување на вирусот од човек на човек. 

Првите знаци на инфекција вклучуваат респираторни симптоми – висока температура, кашлица, губење на здив и отежнато дишење, како и генерално чувство на малаксаност.

Како се пренесува?

На луѓето им се препорачува да избегнуваат незаштитен контакт со животни, темелно да го готват месото и јајцата, но и да избегнуваат близок контакт со оние кои потенцијално се заболени од новиот вид на вирус.


Во зависност од застапеноста на вирусот, кашлицата, кивањето па дури и обичното ракување може да предизвика изложување. Вирусот исто така може да се пренесе со допир на нешто што го допрела заразената личност, а потоа со допир на устата, носот или очите.

Дали вирусот е опасен по живот?

Вирусот предизвикува блага до умерена болест на горните дишни патишта, слично како и вообичаената настинка. Меѓутоа, кај лицата со слаб имунитет како и постарите лица и децата, постои шанса вирусот да предизвика воспаление на белите дробови или бронхитис.

Како се лекува?

Не постои специфична терапија. Бидејќи станува збор за вирус, по неколку дена симптомите исчезнуваат сами по себе, а лекарите можат да ги ублажат со препишување на лекови против болка и грозница. Зголемениот внес на течности и што повеќе одмор се најдобрите лекови.


Кој е прв на удар?

Иако сè уште не е прогласена епидемија која би ги ограничила патувањата или трговијата, веќе им се даваат насоки на земјите кои се припремаат за првиот удар на епидемија, а тоа се аеродромите во Сингапур, Хонг Конг и Токио.

Во Токио веќе се врши детална проверка на патниците, а американските власти уште минатата недела најавија слични мерки на трите главни аеродроми во САД – во Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг