Исповеди од први (и последни) состаноци: “Имаш ли пари? Која крвна група си?”

Точка

22/01/2020

14:53

2.996

Големина на фонт

а а а

Веројатно не постојат многу луѓе кои се во брак или сериозна врска и кои барем еднаш, сред љубовна кавга помислиле колку им завидуваат на сите тие сингл луѓе кои излегуваат и запознаваат нови, интересни потенцијални партнери.

Сега тие “среќници”, самци од разни краеви на светот ги споделиле своите искуства за првите состаноци на кои биле некогаш. Ова се, накратко, едни од најлошите кои се најдоа на “Daily Mail”: 

1. “Еден тип ме праша дали сакам снег, а потоа ми објасни дека го сака снегот само затоа што мрази да гледа мртва трева”, напишала една девојка која додала дека тој бил многу згоден, но никако не успевал да започне квалитетен разговор.

2. “Кога излеговме ме праша која крвна група сум. Помислив дека ќе ме убие, не знам друга причина за таквото прашање”.


3. “Знам дека само што се запознавме, дека имам тригодишно дете и дека немам работа, ниту планови за иднината, но дали сепак би сакала да се ожениш за мене?”, го раскажала една девојка својот прв (и секако) последен состанок со тој маж.

Многу девојки доживеале и момците кои ги гледаат за првпат во животот да го коментираат нивниот изглед и тежина:

4. “Навистина ќе го изедеш тој бургер? Можеби би било подобро да порачаш салата”.

5. “Имаш супер колкови, таман за раѓање. Колку деца би сакала да имаш?”.

6. “Колку деца сакаш? Со колку имаш спиено? Каков секс сакаш?”, беа некои од прашањата кои ми ги постави тип кој го запознав преку Тиндер.


7. “Имаш ли пари? Ми требаат”, ме праша едно момче на првиот состанок.

Некои се чувствувале, како што вели една девојка, како “на разговор за работа”:

8. “Каде се гледаш себеси за 5 години?”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг