Бизарна мастурбација - новиот тренд пружа задоволство, но потоа следи непријатен исход

Точка

23/01/2020

21:34

20.380

Големина на фонт

а а а

Докторите предупредуваат мажите да престанат да ја користат оваа метода на мастурбација затоа што може да биде штетна по нивното здравје.

На интернет се појавуваат нови трендови кои ветуваат подобар и подолг оргазам... Овојпат мажите пронашле нов начин на мастурбирање кој масовно се шири меѓу припадниците на помладата генерација.

Станува збор за самозадоволување со банана кое како што истакнале мажите имитираат орален секс токму поради слузта која се наоѓа во кората и наводно го продолжува задоволството.


Самозадоволувањето со банана е лесно. Мажите го ставаат својот пенис во излупената кора од банана додека мастурбираат, а некои од нив дури ја загреваат кората во рерна за да постигнат поубаво задоволство.

„Само ја лупиш бананата, ја поставуваш кората на пенисот и мастурбираш. Слузта од бананата е одличен лубрикант“ - напишал некој корисник на Редит кој ја испробал оваа техника.

По појавувањето на оваа техника на мастурбирање во светските медиуми се огласиле докторите кои ги предупредиле мажите никако да не го користат ова овошје за мастурбирање.

Како главна причина се наведува тоа што бананата може да предизвика осип и рани. Во некои случаи, односно доколку протеинот се наоѓа во кората на овошјето и доколку достигне до кожата може да се појави инфекција манифестирана преку воспаление на кожата.


„Може да предизвика појава на осип и рани на пенисот што понатаму може да доведе до ужасни болки и инфекции“ - вели докторката Дијана Гил.

Докторите предупредуваат дека новиот начин на мастурбација може да биде опасен за мажите кои имаат проблеми со алергија.

„Во случај личноста да биде алергична на банана, веројатно е алергична и на другите супстанци како што се латекс или пак некој друг вид овошје или зеленчук. Па доколку сте алергични на латекс кондомите веројатно сте алергични и на кората од банана“ - додала таа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг