Малите тајни на големите мајстори - еве како изгледа менито на Кристијано Роналдо до кое се придржува 15 години

Супермен

23/01/2020

13:22

3.836

Големина на фонт

а а а

Позади ѕвездата на Јувентус стојат долги години искуство и голем број натпревари, но тој не планира наскоро да запре со сето тоа.

Кристијано Роналдо продолжува да блеска во дресот на италијанскиот клуб, а како што самиот навел тој смета дека токму сега влегува во најдобрите години од својот живот.

Во сето тоа покрај вежбањето многу му помага и исхраната како и на секој спортист.

На многумина им е непознато дека овој Португалец во текот на денот има дури по шест оброци.


За доручек тој се определува за сирење, шунка, јогурт со помалку проценти на маст. Интересно е дека тој нема ужина туку има два ручеци. Во првиот се наоѓа пилешка салата додека пак во вториот се определува за туна со домат, варено јајце и маслинки.

Следи ужина во која јаде овошје или пак тост со авокадо, а за вечера се определува за исхрана со повеќе масни киселини.

Првата вечера: риба и салата, втора вечера бифтек, лигњи. Често комбинира и некои други видови риби како бакалар и во неговото мени нема место за алкохол.


„Правилниот сон е навистина важен за постигнување максимум на тренинг. Рано легнувам во кревет и рано се будам особено кога имам натпревар. Кога имам слободен ден задолжително вклучувам и пет дремки во текот на денот“ - рекол Роналдо.

Сепак тој најмногу сака да се опушта со своето семејство и приајтелите, како што вели “менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk