Шокантни сцени од пазарот од каде се појавил вирусот: Јадат змии, коали и скорпии, а работат во несанитарни услови

Точка

23/01/2020

19:41

12.828

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот, кој избил во кинескиот град Вухан, се проширил на неколку други држави, а убил најмалку 25 луѓе.

Се смета дека епидемијата започнала на еден рибен пазар кој во меѓувреме е затворен, а целиот град е во карантин. 

Вухан има околу 11 милиони жители, повеќе од Лондон и Њујорк, а вирусот се проширил и на Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, но стигнал и до САД.

Неколку недели откако пазарот станал "нулта точка", службениците потврдиле дека вирусот е пренослив од човек на човек.

Коронавирусот претставува широк спектар на вируси присутни кај животни кој во одредени околности може да премине на луѓе. Контактот со месо од разни животни кое се продава на велепазарот за морска храна е утврден како веројатна причина за првите пријавени инфекции кај луѓето.

Локалните медиуми направиле список од животни чие месо наводно е достапно на пазарите. Информациите не се целосно проверени, но наводи за тоа кружат и на социјалните мрежи.

Имено, на списокот се наоѓа живина, стока, свинско, гуски, зајци, кучиња, елени, змии, желки, скорпии, саламандери, лисици, крокодили, магариња, ноеви, лебеди, како и цври, пауни, јазовци, видри, но и кенгури и коали.

Продавачите во валканите корита ги чуваат животните и нивните остатоци, валкани им се ракавиците на рацете, но и вагите на кои го мерат месото.

##https://twitter.com/muyixiao/status/1219480702296739841?s=20##

Како што пишува "Daily Mail", на фотографиите може да се види дека за месо од коала потребно е да издвоите околу 10 американски долари.

Во понудата се наоѓаат дури 112 различни видови месо.

За овој вирус засега не постои вакцина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг