Скршен од болка: Реакцијата на Леброн Џејмс кога дознал дека Коби Брајант го загубил животот

Точка

27/01/2020

16:17

6.092

Големина на фонт

а а а

Веста за Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана го потресе светот, а многумина, помеѓу кои и Леброн Џејмс, не можеле да ги скријат солзите.

Денеска се појави снимка од Леброн како шета со качулка на главата, видно скршен од веста која ја дознал во авион при враќањето со тимот на Лејкерс од Филаделфија. 

##https://twitter.com/felizworldwide/status/1221578631832580098?s=20##

За помалку од 24 часа пред смртта, Коби беше во центарот на јавноста поради постигнувањето на неговиот голем пријател и актуелната ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс. Тој на натпреварот против Филаделфија го престигна Коби по бројот на поени на “вечната листа” на стрелци и се најде на третото место.

Токму последниот твит на Брајант се однесува на остварувањето на Леброн Џејмс:

“Продолжи да ја движиш играта напред Леброн. Голема почит брату мој“, гласи твитот на трагично загинатиот Коби Брајант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг