Алијанса за Албанците: Злоупотребата на етничката припадност при вработување стана практика на македонската страна

Макфакс

30/01/2020

19:34

1.361

Големина на фонт

а а а

Злоупотребата на етничката припадност стана практика на македонската страна на штета на Албанците, што на владејачките партии не им е важно, велат од Алијанса за Албанците од каде тврдат дека имаат низа документи за вакви случаи и бараат одговорност од надлежните органи.

„Последниот случај на вработување во Агенцијата за катастар докажува дека оваа практика нема намера да престане, бидејќи самите институции забораваат на своите одговорности. Потсетуваме дека лажните изјави пред државни органи се кривични дела за кои е пропишана и парична и затворска казна, а во тој поглед потсетуваме дека и лажната изјава за припадност за вработување може да ги има истите последици“, велат од партијата на Зијадин Села.

Од таму порачуваат дека мора да се преземат мерки за запирање на овој феномен, а Албанците да се стекнат со еднаквоста ветувана со години. 

„Во нашата програма предвидуваме и закон за еднаква и правична застапеност што нема да дозволи вакви злоупотреби на работната сила во иднина“, порачуваат од Алијанса за Албанците.