Ви ги претставуваме некои од најчестите дезинформации кои се шират за овој вирус кој моментално “владее“ со светот.
Досега од коронавирусот починале 305 луѓе ширум светот, а за жал истиот пристигна и во Европа.
Светската здравствена организација објавила и објаснила за најголемите митови за овој вирус.
Моментално не е забележан случај дека домашните миленичиња, како што се куче или маче, можат да бидат заразени од коронавирус. Сепак, секогаш е добро дури и препорачливо, да ги измиете рацете со сапун и вода по контакт со нив. Тоа секако дека ве штити од бактерии како што се ешерихија коли и салмонела.
Сите можеме да бидем заразени, без оглед на годините кои ги имаме. Постарите луѓе се почувствителна група затоа што здравјето воглавно им е нарушено (на пример, астма, дијабетес, срцеви проблеми) затоа што вирусот напредува брзо кај луѓето со послаб имунитет. Светската здравствена организација советува сите луѓе да се заштитат од вирусот, често да ги мијат рацете, а доколку ситуацијата стане алармантна тогаш треба да носите маски.
Не, антибиотиците не делуваат против вирусот туку само против бактериите. Новиот коронавирус е сепак вирус и покрај тоа антибиотиците не смеат да се користат како средство за превенција или пак лечење. Меѓутоа, доколку сте хоспитализирани поради истата можеби ќе добиете антибиотици затоа што е можна и бактериска инфекција. Тоа секако дека го одредуваат докторите по направена детална анализа.
Моментално не се препорачува ниту еден посебен лек кој би го спречил вирусот или пак би ја излекол. Меѓутоа, заразените личности би треало да добијат терапија која би им одговарала, односно терапија за ублажување и лечење на симптомите.