Провокативниот настап на Џеј Ло и Шакира заврши на суд: На НФЛ им се заканува тужба од 867 милијарди долари

Точка

10/02/2020

13:20

4.246

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер на повеќе средношколски екипи во американски фудбал, Дејв Добенмајер, поднел тужба до судот во Охајо против НФЛ, Пепси, ТВ Фокс и уште неколку компании поради Супер Боулот.

Добенмајер ја поднел тужбата бидејќи “на полувремето од натпреварот во Мајами била видена непримерна содржина во изведба на Шакира и Џенифер Лопез”, а за отштета бара 867 милијарди долари. 

“Јас сакав да гледам фудбал, а не невкусен танц. Тие донесоа грев во мојот дом. Супер Боул е спортска манифестација која ја гледа и помладата популација”, изјавил Дејв, а пренесуваат американските медиуми.

Добенмајер е инаку познат христијански активист во Охајо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг