Протече нова снимка од несреќата на Брајант: Прикажан целиот ужас, а лешовите сè уште биле таму...

Точка

12/02/2020

11:46

4.359

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седуммина, трагично го загубија својот живот на 26-ти јануари во Лос Анџелес поради патување со хеликоптер по магловито време.

Хеликоптерот удрил во брдо во Калабасас затоа што летал прениско, а пилотот не можел добро да го исконтролира летот и да направи конекција со централата за да ја избегне несреќата.

Од лице место на несреќата веднаш беа објавени многу снимки и фотографии, а сега се појави уште една снимка која е направена непосредно пред трагедијата да се случи, а случајно сето тоа било снимено од некој велосипедист кој што поминувал во близина на немилиот настан.

Снимката не трае долго, но на многу реалистичен начин се прикажува реалната слика на местото на несреќата. 

Инаку, Коби Брајант е погребан заедно со неговата ќерка Џиана на приватна церемонија во Лос Анџелес. Погребот бил затворен за јавноста, а на истата присуствувало само семејството на легендарниот кошаркар. 

Кога и каде ќе се одржи комеморацијата на легендата на НБА, Коби Брајант, прочитајте ТУКА



Спонзорирани линкови

Маркетинг