Кристијано Роналдо - совршена инвестиција

Точка

13/02/2020

15:32

4.085

Големина на фонт

а а а

Италијански Јувентус ја шокираше фудбалската јавност кога плати 100.000.000 евра за трансфер на тогаш 33-годишниот Кристијано Роналдо.

За играч во тие години некои клубови не би издвоиле ни десетина од таа сума, а некои како Челси дури и би го пуштиле да го напушти клубот. 

Меѓутоа, една и пол година по овој трансфер, бројките покажуваат една работа - тоа било совршена инвестиција.

Имено, Јувентус во вторникот го продолжил договорот со компанијата "Allianz" до 2030-та година.

Според тој договор "Старата дама" ќе заработи 103.000.000 евра, односно повеќе од 10.000.000 милиони годишно.

Присуството на Роналдо во Торино секако бил клучен фактор за договор на оваа соработка, но "Allianz" не е единствениот кој проценил дека е идеален момент да се рекламира токму сега преку Јувентус.

Медиумите пренесуваат дека германскиот произведувач на спортска опрема не сака да остане без соработка со Јувентус, па нуди договор вреден дури 51 милион евра годишно, за разлика до сегашните 23.000.000.

Исто така, договорот со Јувентус го подобрил и популарниот произведувач на теренски автомобили Jeep од 17 на 42 милиони евра.

Јувентус заработува огромни пари и благодарение на продажбата на дресови со името Роналдо на грбот. Од неговото доаѓање продадени се дресови во вредност од преку 100.000.000 евра.

Ако некој дури и смета дека платил премногу за 51 гол и 13 асистенции, колку што има Роналдо во 71 натпревар, "Старата дама" сигурно не промашила со овој трансфер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг