Невремето Денис направи пустош во Велика Британија: Метеоролошките служби издадоа предупредување

Точка

16/02/2020

16:15

2.831

Големина на фонт

а а а

Велика Британија денес беше погодена од невремето Денис, проследено со силни ветрови и обилни вржени од дожд поради што властите ги предупредиле граѓаните “да се заштитат од поплавите опасни по живот“ во Велс и Шкотска.

Британската метеоролошка служба објавила над 250 предупредувања поради поплавите во Англија, Шкотска и Велс.

Локалните медиуми наведуваат дека реката Таф во велшкиот град Понтипол се излеала од коритото, а опасност се заканува и од реката Нит на југот од Велс.

Како што пренесуваат од „АП“, селото Абердарон било погодено од енормни удари на ветер кои биле со брзина од 146 км/ч.

Поради силниот ветер откажани се околу 100 летови, а поплавите го отежнале и железничкиот сообраќај.

Според последните информации, најмалку двајца луѓе загинале во Велика Британија, а околу 10 илјади се соочиле со хаосот кој го предизвикал невремето Денис.

Момче од 18 години се удавило во морето во покраината Кент, а некое друго паднало од бродот со резервоар за гориво во близина на пристаништето Маргејт, објавија од „Дејли Меил“.

Речиси 50.000 патници чекаат на аеродром затоа што компанијата „ИзиЏет“ откажала 234 летови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг