Леброн „клонираше“ незаборавна бравура на Коби за време на „Ол-Стар“ мечот

Дерби

17/02/2020

14:19

2.421

Големина на фонт

а а а

Голем дел од најавата и церемонијата за време на полувремето на „Ол-Стар“ мечот беше посветена на легендарниот Коби Брајант кој трагично го загуби животот на крајот на месец јануари, а воедно и целата пресметка меѓу ѕвездите на НБА лигата беше во знакот на незаборавниот играч на Лос Анџелес Лејкерс бидејќи беа сменети и правилата за да и се оддаде почит на „црната мамба“.

Леброн Џејмс како лидер на тимот кој победи во кошаркарскиот спектакл, по крајот на натпреварот порача дека неверојатно многу му недостасувал Коби на овој „Ол-Стар“ во Чикаго, но медиумите во Америка ни открија и дека „Кралот“ за време на натпреварот „клонирал“ едена незаборавна бравура на Брајант од „Ол-Стар“ меч во далечната 1998-ма година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг