Децата во Данска се учат на емпатија, можеби затоа и се најсреќни во светот

Кармин

20/02/2020

10:43

3.122

Големина на фонт

а а а

Децата во Данска се најсреќни на светот – ова веројатно сте го слушнале многу пати, а тоа го докажуваат и фактите.

Данска во последните 7 години континуирано се вбројува помеѓу трите најсреќни земји на светот, според Обединетите Нации. Тајната на нивната среќа можеби, помеѓу останатото, произлегува од нивниот образовен систем во кој уште од 1993 година се воведени задолжителни часови за емпатија. 

Данските родители одгледуваат среќни деца кои израснуваат во среќни луѓе

Она што многумина не го сфаќаат е дека емпатијата е вештина која се учи, пишува “EducateInspireChange.org”. Учењето на децата на емпатија докажано ги прави поемотивни и социјално компетитивни луѓе и го намалува насилството и може да им помогне да станат поуспешни возрасни луѓе во иднина.


Во данските училишта, емпатијата се учи уште во првото одделение, на возраст од 6 година кога децата влегуваат во образовниот систем. Секоја недела во траење од еден час учениците имаат “Klassend tid” или класен час. Тоа е основен дел од наставниот план и програма, а учениците се собираат во опуштено и пријатно опкружување и разговараат за сите проблеми кои ги имаат, а одделението се обидува да пронајде решенија за истите.

Добредојден и отворен за дискусија е било кој проблем, без разлика дали е личен или се однесува на училиштето. Остатокот од одделението и наставникот потоа расправаат за можните решенија. Улогата на наставникот е да ги подучи децата како навистина да ги слушаат и разбираат останатите. Кога не се зборува за проблемите или на некоја друга тема, децата сепак се дружат и заедно се опуштаат.

На ваквите часови, учениците имаат прилика да ги сослушаат другите, да се охрабрат и поттикнат и истовремено да ја научат важноста од меѓусебното почитување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk