Некогаш професорка по англиски јазик, денес најбогата жена во Русија – која е Татјана Бакалчук?

Кармин

21/02/2020

09:37

4.423

Големина на фонт

а а а

Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственичка и основачка на интернет продавницата “Wildberries”, објави американскиот магазин “Форбс”.

Според “Форбс”, богатството на Татјана достигнало 1,4 милијарди долари. Бакалчук од челната позиција ја “турнала” долгогодишната лидерка на оваа ранг листа, Јелена Батурина, шефица на компанијата “Inteco Management” и вдовица на поранешниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков. Богатството на Батурина е проценето на 1,2 милијарди долари, пренесува агенцијата “TASS”. 

Батурина се наоѓала на врвот на листата на најбогати Русинки уште од 2004 година.


Татјана Бакалчук порано била професорка по англиски јазик, а бизнисот со онлајн купување го започнала додека била на породилно отсуство со цел да обезбеди пари за својот син.

Почетоците биле скромни. Пролетта 2004 година, Татјана и нејзиниот сопруг сфатиле дека не заработуваат доволно бидејќи трошоците значително се зголемиле со доаѓањето на наследникот на свет. Тие одлучиле да основаат онлајн продавница, првите пакети на нивната адреса пристигнале преку градски превоз, а семејниот дом станал складиште. Три години подоцна, Бакалчук станала лидер во индустријата.

“Форбс” напоменува дека новата проценка на богатството на Татјана е резултат на пораст на прометот од 88 отсто, на 223,5 милијарди рубљи (3,63 милијарди долари) кој го забележала нејзината продавница “Wildberries” во 2019 година.


Според американскиот магазин, оваа Русинка за првпат се нашла на листата на најбогати луѓе во Русија во 2018 година, кога нејзиното богатство било проценето на 600 милиони долари. Една година подоцна, нејзиното богатство речиси се удвоило, што ѝ овозможило да го заземе второто место зад Батурина.

Онлајн продавницата “Wildberries” постои 15 години и делува во земјите од Евроазиската економска унија. Присутна е на пазарите на Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија и Полска, наведува “TASS”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk