Вернер не престанува да зборува за Ливерпул: Мислам дека добро ќе се вклопам…

Дерби

23/02/2020

13:14

1.585

Големина на фонт

а а а

23 годишниот германски напаѓач, Тимо Вернер неодамна јавно проговори дека му годи интересот од Ливерпул и дека се чувствува горд поради тоа.

Веднаш потоа следуваше реакција на тренерот на Ред Бул Лајпциг, Јулијан Нагелсман кој му посочи на Вернер дека мора да биде внимателен за неговиот следен чекор во кариерата и дека треба да размисли да остане во германскиот клуб.

Сепак, Вернер очигледно е убеден дека може да успее во Ливерпул и веројатно ќе притиска за негов трансфер на „Енфилд“ во летниот преоден рок.

– Јирген Клоп е најдобриот тренер во светот. Постојат сугестии дека мојот начин на игра ќе одговара перфектно на Ливерпул. Мислам дека ќе се вклопам во тој тим. Знам дека Ливерпул е најдобриот тим во моментов во светот, а кога сте поврзувани со таков тим мора да сте многу горди, -изјави Вернер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг